Веќе звучи клише, ама навистина треба човек да си го постави прашањето, како може Хари Мегвајер да е најскап дефанзивец на денешницата.

Дефанзивецот секое коло прави по една грешка, а така è и на средбата против Норвич каде што целиот тим постави офсајд стапица, од која Мегвајер не се постави добро. Тоа го искористи Темо Пуки кој што го израмни резултатот на 2:2, откако во еден момент со головите на Кристијано Роналдо, Манчестер водеше и со 2:0.