Екипата на Атлетик Билбао го растури Атлетико Мадрид со 3-0 во вториот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, па така со вкупни 4-0 обезбеди пласман во големото финале на ова натпреварување.
Баскијците предводени од браќата Вилијамс ги искористија шансите и да дојдат до резултат, конечна победа во оваа пресметка и со тоа да закажат борба со Мајорка за трофејот во Копа Дел Реј.
Првите два гола беа во режија на Нико и Ињаки Вилијамс, поточно двајцата забележаа по еден гол и асистенција во 13 и 42 минута.
Третиот гол на оваа пресметка го постигна Гурузета во 61 минута.