Лидерот во кошаркарската Евро Лига, Реал Мадрид го претрпе првиот пораз на домашен терен во оваа сезона и сега сите тимови во лигата имаат барем по еден негативен резултат пред своите гледачи.
Панатинаикос беше клубот кој му го скина скалпот на актуелниот европски шампион (97:86) и тоа во дуел во кој Матијас Лесор блескаше со 26 поени, Слукас додаде 16, а Нан 17 поени.
Останати резултати:
Виртус Болоња-Валенсија 87:74
Алба Берлин-Макаби Тел Авив 71:106