Далас Маверикс го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 132:112.

Лука Дончиќ забележа трипл-дабл со 15 поени, 10 скока и 15 асистенции.

Погоди 2/5 за два, 2/6 за три и 5/8 од линијата за слободни фрлања.

Го следеа Порзингис со 22, Бренсон со 20 поени и 11 асистенции и Двајт Пауел и Булок со по 15 поени.

Кај Портланд се истакнаа Сајмон со 23, Меккалум со 20, Норман Пауел со 19 и Нуркиќ со 18 поени.

Феникс Санс ја совлада Јута Џез на гости со 105:97.

Повторно се истакна Девин Букер, овојпат со 43 поени и 12 скока.

Во првата четвртина постигна 21 поен, во првото полувреме 26, а во второто полувреме го реши мечот.

Го следеа Крис Пол со 21 и Бижомбо со 11 поени.

Кај Јута се истакнаа Кларксон со 23, Вајтсајд со 16 поени и 11 скока и Конли со 16 поени и 10 скока.

НБА, резултати
Кавс – Бакс 115: 99
Хокс – Кингс 121: 104
Хит – Никс 110:96
Булс – Репторс 111: 105
Нетс – Нагетс 118: 124
Спарс – Гризлис 110:118
Џез – Санс 97: 105
ТрејлБлејзерс – Маверикс 112: 132