Валјадолид пред една недела ја славеше промоцијата во Ла Лига, но денеска го добивме и вториот патник во шпанското елитно друштво за следната сезона.
Станува збор за уште еден повратник кој четири сезони не беше дел од најсилната лига, а тоа е тимот на Леганес кој го победи Елче со 2:0 и со тоа е лидер на табелата.
Леганес на крајот ја завршува сезоната како шампион во Втората лига, па тоа доволно покажува дека оправдано се враќа во Примера после четири години.
Последниот патник во Ла Лига ќе се дознае по плејоф мечевите кои следат, односно разигрувањето на екипите од третото до шестото место (Еибар, Еспањол, Спортинг и Овиедо).
За разлика од Шпанија, вечерва во Италија се комплетираше целосниот изглед на Серија А, бидејќи Венеција е последниот тим кој патува во повисок ранг.
По Парма и Комо, Венеција вечерва го победи Кремонезе со 1:0 и излезе како подобар тим во двомечот, па така си обезбеди кам-бек во италијанската елита.