Тимот на Уникс Казан предводен од македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ успеа да победи против ЦСКА Москва со 78-96.и така да намали во серијата на 3-1.
Нашиот Нено Димитријевиќ повторно беше вистински лидер на актуелниот шампион Уникс и прикажа извонредна игра во која имаше учинок од 27 поени, додека кај ЦСКА најдобар поединец беше Мело Тримбл со девет поени помалку од Македонецот.
Уникс барем за момент ја расипа прославата на московскиот тим и сега повторно ја сели серијата во Казан, каде ќе се обиде да намали на 2-3 и евентуално да стигне до историски пресврт, нешто што ѝ нема појдено од рака на ниту една екипа досега.
За Димитријевиќ ова се последни натпревари во дресот на рускиот тим, затоа што од следната сезона ќе настапува за италијанскиот евролигашки гигант, Олимпија Милано.