Томас Тухел без преголеми емоции се раздели од Ромелу Лукаку и му дозволи да се врати во Интер, откако Белгиецот никако не се вклопи во фудбалската филозофија на Германецот.
Иако останатите играчи од нападот сега можеа да ја изберат „9-ка“ на Лукаку, Тухел открива дека никој не го побарал овој број, кој според многумина вработени во клубот е проколнат од времето на Фернандо Торес.
„Ел Нињо“ имаше ужасно искуство со овој број во Челси, а по него не се прославија ниту Радамел Фалкао, Алваро Мората, Гонзало Игуаин и последно Ромелу Лукаку.
– Тој број е проколнат, навистина има такво мислење во клубот. Луѓето во клубот ми велат дека е проколнат. Некои играчи сакаат да побараат таков број, но кај нас никој не ја бараше „9-ка“. Играчите знаат да менуваат бројки, но изненадувачки, никој не сака да го допре тој дрес. Луѓе кои се подолго од мене во клубот ми велат „Тој ја носеше 9-та и не постигнуваше голови“. Дојдовме во ситуација никој да не ја сака, – вели Тухел.