Во дуелот на два поранешни европски шампиони, домаќините многу подобро сè снајдоа на поројниот дожд во Манчестер и со головите на Маркус Рашфорд и на Ентони Марсијал имаа голема предност по првото полувреме.

Во 19-тата минута, одлична акција изведоа Ериксен и Рашфорд, Данецот од корнер по земја го проигра англискиот репрезентативец, а овој лесно погоди за 1:0.

Голот на Рашфорд можете да го погледнете ОВДЕ.

Не мина долго време, а Манчестер веќе водеше со 2:0. Во 22-рата минута, Рашфорд беше во улога на асистент, а погоди Марсијал за дуплирање на предноста.

Голот на Марсијал можете да го погледнете ОВДЕ.

Во 87 мин. Фред на асистенција на Касемиро го постигна третиот гол.

Ова е прв дуел во Премиер лигата на двата поранешни европски шампиони од 1999 година.