Фудбалерите на Рид ја совладаа екипата на Волфсбергер со резултат 2:1 на гости во рамките на австриската Бундес лига. Натпреварот го одбележа неверојатен автогол. Фудбалерите на Рид водеа со 2:0, а во финишот на мечот нивниот фудбалер Матијас Грагер се погрижи да стигне до светските медиуми.
Кога неговиот тим беше на противничката половина, Грагер одлучи да ја врати топката до својот голман, но тоа го направи толку силно па соиграчот немаше шанси да спаси.
Сепак, тоа не го чинеше Рид затоа што веднаш по тој гол беше отсвирен крај.