Во Серија Б доаѓа Даниеле Де Роси! Според последните информации од Апенините, Даниеле Де Роси ќе го преземе тимот на Спал во Серија Б и ќе ја започне својата самостојна тренерска кариера.

Де Роси на тој начин ќе им се придружи на своите поранешни соиграчи со кои го покори светот во 2006 година, бидејќи Фабио Канаваро, Филипо Инзаги, Фабио Гросо се веќе во Серија Б, додека Буфон се уште е активен како голман на голот на Парма!

Инзаги ја води Реџина, актуелниот лидер во поредокот во Серија Б, а Гросо, кој е петти, но само три бода помалку од првото место, добро притиска. Канаваро со „вештерките“ ја зазема само 12. позиција, додека Буфон со Парма е на седмата позиција.

Спал реши да го ангажира Де Роси бидејќи по осум натпревари има само девет бода и се наоѓа на 15. позиција.