Карим Бензема ќе биде во стартниот состав на Реал Мадрид на гостувањето кај ПСЖ . И покрај недоволно залечената повреда Карло Анчелоти се реши да ризикува и го стави својот најдобар играч во тимот . Исто така и Ферланд Менди кој беше неизвесен до последен момент ќе стартува за Кралскиот тим .

Кај ПСЖ ќе недостасува само Серхио Рамос поради повреда , додека Нејмар после долгата пауза се најде на клупата за резервни играчи .

Реал Мадрид : Куртоа ; Карвахал , Милитао , Алаба , Менди ; Касемиро , Модриќ , Крос ; Асенсио , Винисиус Јр. , Бензема

ПСЖ : Донарума ; Хакими , Маркињос , Кимпембе , Нуно Мендеш ; Данило , Паредес , Верати ; Ди Мариа , Меси , Мбапе