Не само слабата форма, потврдена со вчерашниот пораз на гостувањето кај Арсенал, е единствена лоша вест во таборот на Ливерпул, откако тренерот Јирген Клоп денеска ја слушна уште полошата вест поврзано со повредата на Луис Диаз.
Колумбиецот настрада пред крајот на првото полувреме на „Емирејтс“ по што мораше да биде заменет. Денешните детални лекарски прегледи на повреденото коелено донесоа ужасна вест за германскиот стратег, со оглед што Диаз ќе пропушти најмалку десетина натпревари.
Тоа значи дека ќе може да игра по завршувањето на Мундијалот во Катар пред крајот на годината, со напомена дека ќе има доволно празно време за опоравување, со оглед што Колумбија нема да настапи на претстојното СП.