Македонскиот претставник Шкендија направи голем чекор кон пласман во следната квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА откако вечерва на арената „Тодор Проески“ ви Скопје го совлада ерменскиот тим Арарат со 2-0. Тимот на Артим Шаќири беше подобар ривал и со два гола во првото полувреме го скрши отпорот на гостите.
Следи и реванш во Ерменија, но Шкендија има одлични шанси и добра позитива за пласман во следната рунда од ова натпреварување.
Шкендија го почна мечот без Ферхан Хасани, кој остана на клупата поради мала повреда, но, тој, сепак, влезе во игра во вториот дел.
Аденис Шала во 21.минута донесе водство за Шкендија. Дориев уфрли во шеснаесетникот, а Шала се снајде најдобро и ја погоди мрежата.
Во 45.минута, повторно Дориев беше асистент, а Валмир Нафиу го постигна вториот погодок за Шкендија. На висина на задачата беше и Костадин Захов, кој во првиот дел имаше одлични одбрани и не дозволи да се тресе неговата мрежа.