На Европското фудбалско првенство до 21 година се истакнуваат многу талентирани млади фудбалери, но сепак засега во прв план се наоѓаат судиите.
Досега имаше неколку неверојатни судиски грешки и погрешни проценки, па таа низа продолжи и на натпреварот кој се одигра вчера во Букурешт.
Шпанија се спасуваше од пораз од Украина во самата завршница и успеа да се избори за 2:2, но претходно беше оштетена во првото полувреме кога резултатот се уште беше 0:0.
„Фуријата“ поведе со голот на Родриго Рикелме во 20-та минута, но истиот беше поништен од главниот судија поради непозната причина за шпанските фудбалери.
Голманот Руслан направи голема грешка во обид топката да ја додаде со рака до соиграч, но судијата оцени дека Родриго направил минимален прекршок и ја прекина играта.
https://twitter.com/_Lassana_/status/1673770685536034816?s=20