Кошаркарот Матијас Лесор, следната сезона ќе игра во дресот на Панатинаикос, и по две сезони ќе го напушти Партизан, што беше причина за емотивно збогување со навивачите на овој тим.
Французинот беше еден од најдобрите во црно-белиот дрес и еден од најзаслужните за триумфот во АБА по пауза од десет години.
„Една и пол година не играв во Партизан, туку живеев за Партизан. Им благодарам на луѓето од клубот што веруваа во мене. Ќе ми недостига тимот, соиграчите, стручниот штаб. Оваа сезона беше посебна и ќе ја паметам цел живот. Посебно место во моето срце вечно ќе имаат навивачите. Следната сезона ќе играм во друг дрес, ама засекогаш ќе бидам Гробар“, напиша Лесор.
Американецот пред доаѓањето во Партизан настапуваше за екипи како Шалон, Нантер, Ц. Звезда, Уникаха, Баерн Минхен, Монако и Макаби ТА.