Екипата на Динамо Загреб заинтересирана е за лев бек од Јагјелонија. Станува збор за Бартоломеј Вдовик, 23-годишен кој блеска во редовите на полскиот прволигаш. Според реномираниот „Трансфермаркт“ левиот бек е проценет на околу три милиони евра, а Јагјелонија сака да добие барем половина од таа сума.
Инаку, Вдовик е втор стрелец во првенството на Полска, тој одигра 19 натпревари на кои постигна девет голови. До ваквите бројки левиот бек дојде и преку изведување на слободни удари, бидејќи пет од головите ги постигна од прекин.
Во оваа сезона Бартоломеј Вдовик е најдобар изведувач на слободни удари на светот. Тука се земени бројките на изведени и конвертирани удари, а „Софаскор“ анализира преку 70.000 фудбалери.