Реал Мадрид сака да го пушти Еден Азар во јануари на позајмица, а потоа и да го продаде во летниот преоден рок. Едно од најскапите засилувања во „кралскиот клуб“ се покажа како комплетно промашување, а тренерот Карло Анчелоти нема воопшто да инсистира тој да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Напротив, му порачал на Азар дека за него многу подобро ќе биде да си замине.
Челси, Њукасл и Вест Хем се клубовите кои се заинтересирани да го вратат Еден Азар во Премиер – лигата.
Белгиецот претрпе серија повреди откако се пресели на „Бернабеу“ играјќи само 55 натпревари во две и пол сезони во Мадрид.