Валенсија беше прва која стигна до предност и тоа во 44. минута со голот на Дуро. Судијата во прв момент го поништи голот, но по реакција на ВАР беше јасно дека Дуро не е во недозволена позиција, па голот со право беше признат.
Шанса имаше младиот Касадо но неговиот удар беше блокиран од дефанзивците на Валенсија.
Барса сепак не дозволи со негатива да замине на паузата и во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме дојде до израмнување, Јамал беше асистент, а топката во мрежата ја смести Левандовски.
На самиот старт од второто полувреме по еден старт на Москера над Рафиња, Барселона доби пенал од кој Левандовски го постигна вториот гол на средбата. До крајот на средбата резултатот не се промени, па Барселона беше таа која се радуваше.
Барса имаше уште неколку изгледни шанси. Најпрво Торес во контранапад имаше зицер но Мамардашвили одбрани. Потоа Јамал од близина шутираше слабо , а во финишот уште еднаш во шанса беше Касадо, а ударот на Педри од далечина профуче покрај стативата.
Maкедонскиот голман Столе Димитриевски остана на клупата во овој натпревар и предност доби Грузиецот, Мамардашвили.