Офанзивецот Сефер Емини беше во фокусот на вниманието во пресметката со Фредериција која им припадна на гостите со 2-0, а Емини директно учествуваше во двата гола.
Прво беше асистент во 37 минута за да во 50 се запише и во листата на стрелци. Неговиот досегашен учинок во шампионатот е 6 гола и 4 асистенции. Сондерјиске пак е лидер на табелата со 55 бода и има отворен пат до место во најсилната данска фудбалска конкуренција.
За гостите настапи и Иван Николов кој играше до 63 минута.