Вест Хем му понуди на англискиот репрезентативец Деклан Рајс нов осумгодишен договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно. Ова е вест на денот од Островот.

Рајс е член на „чеканите“ веќе половина деценија и е еден од најбараните играчи за претстојниот преоден рок. Најсериозни кандидати за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед и Челси. Сепак, и Вест Хем не се дава лесно во трката за потписот на својот најдобар фудбалер.

Договорот на англискиот репрезентативец истекува на 30 јуни 2024 година, а Вест Хем навреме сака да се обезбеди и долго да го задржи во источен Лондон.