Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се фокусира играчот од средниот ред на Монако, Аурелиен Чуамени. Менаџерот Јирген Клоп сака да го доведе ова лето на „Енфилд Роуд“, а и фудбалерот не би имал ништо против да се пресели во Премиер – лигата.

Сепак, проблем може да биде трансферната сума. Францускиот тим бара најмалку 65 милиони евра за трансфер на Чуамени во Англија, а Ливерпул во моментов е подготвен да издвои 50 милиони за новопечениот француски репрезентативец.

Последниот фудбалер кој од Монако дојде во Ливерпул е Фабињо.

Чуамени оваа сезонава за „кнезовите“ одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и забележа две асистенции.