Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов постигна гол во изненадувачката победа на Краковија над лидерот Јагелонија во првата лига на Полска.
Гостите се изборија за триумф од 3-1, победа до која дојдоа со пресврт со оглед на тоа што фаворитот го отвори натпреварот со гол во раната фаза. Потоа домаќините добија црвен картон и тоа максимално беше искористено од Краковија која уште во првото полувреме дојде до пресврт со 2-1 за да на стартот на второто нашиот Атанасов ги потврди трите бода.
Ова за Јани беше четврти сезонски гол, а има и една асистенција.