Милан може да биде среќен со освоениот бод со оглед тоа дека не покажа премногу со дебито на Паоло Фонсека на клупата.
Резултатот беше отворен по половина час кога Малик си ја погоди сопствената мрежа. Тоа беше единствениот гол во првите 45 минути.
Се очекуваше во вториот дел Милан силно да тргне кон голот на Торино и да дојде до изедначување, но место тоа Дуван Запата во 68. минута. зголеми на 0:2.
https://twitter.com/i/status/1824909922875969629
https://twitter.com/i/status/1824911400143040924
Новото засилување Алваро Мората во игра влезе во 60. минута на местото на Лука Јовиќ намали на 1-2 и донесе надеж кај Милан дека може да дојде до бод. За Милан да не биде поразен се погрижи Окафор со голот во 95. минута.