Фернандињо го напушти Манчестер сити по долго време, па менаџерот Пеп Гвардиола е во потрага по нов фудбалер за врска.
Според англиските медиумии, на врвот на листата на желби на „граѓаните“ е Калвин Филипс од Лидс јунајтед. Интерес за овој фудбалер имаше и од Манчестер јунајтед, но поради големото историско ривалство со „црвените ѓаволи“, англискиот репрезентивец преферира трансфер во Сити.
Цената на Филипс на трансфер-пазарот изнесува околу 50 милиони фунти. „Граѓаните“ летово веќе го засилија нападот со Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез, па сега на ред е освежување и на другите позиции во тимот.