Фудбалерот на американскиот тим Реал Солт Лејк, Арон Херера, ноќеска постигна голчиште за паметење во мечот против мексикански Атлас (1-2) во регионалниот Лига куп, откако погоди со шут од шеесетина метри.
Тој забележа дека голманот Ернандез е далеку од гол-линијата па испрати проектил со кој ја затресе мрежата за водство на својата екипа.
Ова, сепак, не беше доволно за триумф, со оглед што гостите од Мексико до крајот постигнаа два гола и направи пресврт за победа.