Македонија од 18 часот го игра клучниот меч за прво место во групата во Ц-дивизијата во Лигата на нации, во Тбилиси против Грузија во обид да остане во трка за лидерското место кое води во Б-дивизијата, ама и во баражот за Еуро 2024.
Десеткувана со недостаток на дури осум играчи од мартовските мундијалски квалификации, петмина поради повреди и тројца поради предоцна пронаоѓање на клубови, селекторот Благоја Милевски мораше да „крпи“ со тимот, посебно откако изостанаа два клучни играчи капитенот Стефан Ристовски и бескомпромисниот фудбалер за врска Аријан Адеми.
Иако Милевски сака да игра со четворица во линија, овојпат ќе тргне против Грузијците со три стопери – Висар Муслиу, Ѓоко Зајков и Дарко Велковски.
Езџјан Алиоски и Стефан Ашковски ќе бидат крилни-бекови, Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас, триото во средина, а во напад одиме со два центарфори – Бојан Миовски и Милан Ристовски.
Иако на УЕФА официјалната графика на составот е во формација 4-4-2 со Зајков како десен бек, јасно е дека Македонија ќе игра во формација 3-5-2. Од друга страна, Вили Сањол се решава за систем исто со три стопери, ама и офанзива со три во напад во формација – 3-4-3.