Норвешката екипа, Бодо/Глимт направи уште една сензација славејќи победа од 2-1 со пресврт против Рома на првиот четвртфинален натпревар во Конференциската лига на УЕФА.
Интересно е тоа што ова е втор сезонски триумф на норвешкиот тим против италијанскиот гигант, бидеќи се сретнаа во групната фаза, а тогаш Бодо/Глимт славеше со неверојатни 6-1.
Вечерва Лоренцо Пелегрини и донесе водство на „римската волчица“ од 0-1 во 43.минута. Во вториот дел домашните направија пресврт со головите на Улрик Салтнес во 56.минута и Хуго Ветлесен во 89.минута.
На останатите натпревари вечерва, Олимпик Марсеј со 2-1 го совлада ПАОК, додека Лестер на домашен терен одигра без голови против ПСВ.