Атлетико Мадрид ја продлабочи кризата откако одигра само 1-1 против Еспањол, а тоа за екипата на Диего Симеоне беше четврти меч без победа во сите натпреварувања.
Избраниците на Симеоне беа подобар ривал на теренот, посебно по црвениот картон на Кабрера во 28. минута, но своите шанси не ги искористија, а казната стигна преку Дардер на средината на второто полувреме.
„Отпишаниот“ Жоао Феликс беше човекот кој го спаси Атлетико од пораз, откако во 78. минута испрати одличен удар, а топката од стативата се одби во мрежата на Еспањол за 1-1.
Атлетико останува на третата позиција со 24 бодови, односно еден повеќе од Бетис и Осасуна.