Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои светската титула во Мото ГП за 2022 година, па така стана прв Италијанец од италијанскиот тим кој станал шампион по 50 години.
Бањаја на последната трка во Валенсија го освои деветтото место, а тоа му беше доволно да се закити со титулата, додека најбрз во Шпанија беше Алекс Ринс од Сузуки, по што следеа Бред Биндер и Хорхе Мартин.
Фабио Квартараро и покрај сите напори заврши на четвртата позиција, по што следеа Мигел Оливеира, Лука Марини, Енеа Бастијанини, Бањаја, Франко Морбидели и Марко Бечеки.
https://twitter.com/MotoGP/status/1589253292462411777?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1589253292462411777%7Ctwgr%5Ea711de4de4a7a8eeeb34c1a06ccf0185d0cc7b0b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkoli-motori-i-trki%2Fitalijanecot-banjaja-e-svetski-shampion-vo-moto-gp-video