ПСЖ триумфира против Лориен на гостински терен со 2-1 во меч од 14. коло во француската Лига 1 и така ја зголеми предноста на пет поени во однос на второпласираниот Ланс.
Екипата на Кристоф Галтие се мачеше без Лионел Меси, иако до водство стигна уште во деветтата минута по катастрофалната грешка на голманот на Лориен.
Лориен се врати во игра во 53. минута кога Мофи по одлична акција испрати прекрасен удар и погоди за израмнување на 1-1, по што имаше шанса и за пресврт, но во вториот обид ја погоди пречката.
ПСЖ нападна по примениот гол, но сепак немаше вистински шанси до 81. минута кога Данило Переира со удар со глава ја обезбеди победата за „светците“.
Парижаните се први на табелата со 38 бодови, односно пет повеќе од Ланс, по што следат Рен и Лориен со по 27 поени.