Фудбалерите на Мозамбик направија големо изненадување во првото коло од Африканскиот куп на нации откако одиграа нерешено (2-2) со големиот фаворит Египет.
Малку недостасуваше оваа селекција да ги освои и останатите два бода бидејќи водеше до 97. минута кога Мохамед Салах погоди од пенал за израмнување. Претходно Египќаните поведоа преку Мостафа Мохамед, а во второто полувреме за само три минути Мозамбик со головите на Вити и Бауке направи голем пресврт за водство.
Во групата со Египет и Мозамбик се наоѓаат и репрезентациите на Зеленортски Острови и Гана.