Атлетико Мадрид продолжува да ја подига формата и да ги подобрува резултатите славејќи на гостувањето во Севиља, против Бетис со 2-1.
Успехот на Атлетико го најави Антоан Гризман, во 54. минута со гол директно од корнер. Топката не одеше високо и директно во подалечната статива, туку пониско, доволно да ги збуни домашните дефанзивци и да заврши во мрежата.
Истиот фудбалер потврди дека денеска му е денот и со втор гол, во 71. минута и тоа меѓу нозе на противничкиот голман Силва. Тоа беа четвртиот и петтиот гол за Французинот оваа сезона во Ла Лига. Бетис имаше неколку шанси за да изедначи, откако во 83-тата, Набил Фекир постигна прекрасен гол од слободен удар.