Најнеизвесното фудбалско првенство сезонава се игра во Хрватска каде четири екипи се борат за освојување на шампионската титула.
Нова доза на неизвесност внесе победата на Осиек над Динамо Загреб со резултат 1:0 (0:0), што доведе до промена на врвот меѓу двата тима.
Стрелец на единствениот гол беше Антонио Манце во 77. минута, играч кој штотуку влезе на теренот од клупата за резерви.
https://www.youtube.com/watch?v=27Dd_qs3KIA&t=6s
Впрочем, тренерот на Осиек, Ненад Бјелица, инаку поранешен тренер на Динамо, пет минути пред единствениот гол го реши мечот со тројна измена , а Манце му донесе триумф .
Осиек стигна до 52 бода, два повеќе од Динамо.
Риека има 49 бодови на третото место, а Хајдук 47.
Динамо и Хајдук имаат натпревар помалку, големото хрватско дерби кое беше одложено во првиот дел од сезоната .