Англискиот премиерлигаш Арсенал тргна во акција за ангажман на крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. Раководството на „топчиите“ ја испрати првата понуда со која има намера на „Емирати“ да го доведе Швеѓанецот со македонско потекло.

Арсенал е подготвен да плати 30 милиони евра, плус уште 5 милиони бонуси. Прашање е дали тоа ќе го задоволи Јувентус кој за заминувањето на Кулушевски од Торино сака да добие 40 милиони.

21-годишниот фудбалер дојде во Јувентус во јануари 2020 година за 35 милиони евра, но беше оставен да ја заврши сезоната во Парма на позајмица. Следната сезона, Швеѓанецот запиша 47 натпревари и постигна седум гола за „старата дама“, но оваа сезона ефектот е многу помал, 17 одиграни мечеви и само еден гол.