Ајнтрахт и Барселона одиграа 1:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Домаќините поведоа со голот на Кнауф во 48. минута, а Барселона ремизираше преку Феран Торес, кој погоди за 1:1 во 66. минута. Реваншот ќе се игра за една недела во Барселона. По натпреварот фудбалерите и тренерот на Барселона се пожалија на состојбата на теренот во Франкфурт.
„Кога стигнавме, видовме дека тревникот не е во најдобра состојба“, изјави Феран Торес по натпреварот, а нешто слично рече и стоперот на Барселона, Ерик Гарсија: „Состојбата на тревникот не ни помогна, но нема изговори. “, рече Гарсија. Кон критиките се приклучи и тренерот на Барселона, Чави Ернандез.
“Теренот не беше во најдобра состојба. Тревата не беше добра. Кога играме дома, топката ќе оди подобро”, изјави Чави.