Откако заврши сапуницата за љубовниот живот на Мауро Икарди и Ванда Нара која траеше речиси цела есен, напаѓачот на ПСЖ и неговата сопруга и менаџер повторно живеат во мир и хармонија и постојано објавуваат фотографии на кои разменуваат нежности.
Една таква фотографија го згрози италијански спортски новинар и водител Фабио Равезани, кој на Твитер напиша дека е доказ дека Аргентинецот изгубила секаква фудбалска амбиција.
Сака да каже дека повеќе го интересираат социјалните мрежи и споредни работи отколку фудбал.
„Жал ми е, но фотографијата на која Икарди за малку ќе ја проголта Ванда додека двајцата се полуголи, уште еднаш покажува дека младиот човек е целосно незаинтересиран да се докаже како фудбалер. Особено по срамната сапуница“, напиша тој.
Сезонава Икарди како поддршка на ѕвезденото трио Меси-Нејмар-Мбапе одигра 20 натпревари за ПСЖ, но само шест од почеток до крај и постигна пет гола.