Њукасл го победи Вулверхемптон на домашен терен со 2-1 и ја прекина лошата низа во Премиер-лигата. Сега „чавките“ имаат четири бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем, но и два одиграни натпревари помалку.

Александер Исак го доведе домашниот тим во водство во 26.минута, но Вулверхемптон израмни преку Хванг Хи-Чан во 70.минута.

Триумфот за Њукасл го донесе Алмирон со гол во 79.минута кој го матира гостинскиот голман.

 

Њукасл има 44 бода по 25 одиграни меча, односно четири помалку од Тотенхем.