Холандија ја совлада Данска со 4-2 во Аместердам во пријателски натпревар, кој го одбележа кам-бекот на Кристијан Ериксен во националниот дрес.

Стивен Бергвајн во 16.минута ги донесе „лалињата“ во водство од 1-0. Кратко потоа дефанзивецот Јаник Вестергард погоди за Данска за 1-1. Нејтан Аке ја врати домашната репрезентација во водство, а на 3-1 зголеми Мемфис Депај од пенал во 38.минута.

Ериксен само што влезе во игра во второто полувреме во 48.минута веднаш се запиша во листата на стрелците и намали на 3-2. За него тоа беше прв натпревар за Данска по цели девет месеци откако доживеа срцев удар за време на Европското првенство минатото лето.

Бергвајн со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните Холандија – Данска 4-2.

 

Германија со два гола на тандемот од Челси, Каи Хаверц и Тимо Вернер во финишот на првото полувреме, го победи Израел со 2-0. Пред крајот на натпреварот двете репрезентации не реализираа пенал. За Германија промаши Томас Милер во 89.минута, а во судиското продолжени не погоди од белата точка и Јонатан Коен.