Вечерва во Дубаи се одржа манифестацијата „Globe Soccer Awards“, а на истата беа доделени награди за најдобрите фудбалери и фудбалски работници за 2021 година.

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е добитник на наградата за најдобар напаѓач на сите времиња. Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ и Франција е фудбалер на годината, Италија е прогласена за најдобра репрезентација, Леонардо Бонучи ја доби наградата за најдобар дефанзивец на светот. Најдобар голман – Џанлуиџи Донарума.

Членката на Барселона Алексија Путељас е најдобра фудбалерка на светот за 2021 година.

Роберто Манчини е најдобриот тренер на светот за оваа година, а голгетерот на Полска и Баерн Минхен Роберт Левандовски е добитник на наградата „Марадона“ за најдобар голгетер. Левандовски доби уште една награда – најдобар играч според фановите.