Њукасл ја прекина негативната серија од три последовни порази играјќи 1-1 против Манчестер Јунајтед. Тимот на Ралф Рангник и понатаму не може да пронајде ритам за постигнување голови, а тоа ги чинеше реми на вечерашниот дуел.
Алан Сент – Максимин во седмата минута го доведе Њукасл во водство и тоа на домашниот тим му даде дополнителен мотив. Манчестер Јунајтед долго бараше начин да израмни, а тоа му успеа на Единсон Кавани во 71.минута. И покрај напорите, „ѓаволите“ не успеаја да победат, а од пораз во финишот ги спаси Давид де Хеа, кога Њукасл го погоди и дирекот.