Фудбалерите на Барселона, Дани Алвеш и Клемон Ленгле се заразени со корона вирусот и ќе го пропуштат претстојниот натпревар против Мајорка.
Фудбалерите се чувствуваат добро и се во изолација во своите домови“, се вели во денешното соопштение на Барселона.
Барселона во недела ќе игра на гости кај Мајорка на натпреварот од 19. коло во шпанското првенство.
Неколку шпански клубови објавија дека имаат заразени фудбалери во своите тимови со што и Ла лига почна да наликува на Премиер лигата.