Бетис ја совлада Мајорка со 2-1 во рамки на 25.коло во Ла Лига.
Алекс Морено го откри резултатот во 25.минута за водство на домашниот тим од 1-0. Ведат Муричи, кој е на позајмица од редовите на Лацио, успеа да погоди за 1-1 за гостите. Победата на тимот од Севилја му ја донесе Вилијам Жозе од пенал во 83.минута.
„Зелено-белите“ се трети на табелата со 46 бодови, додека Мајорка е 16-та со 26 бодови.