Интер го совлада Шахтјор со 2:0 (0:0) во Милано и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите по цели 10 години!

Тоа евентуално би можело да го спречи Шериф доколку уште еднаш направи сензација и вторпат сезонава го совлада Реал од 21.00 часот. Чудата се можни, но …

Херој на Интер е Един Џеко, кој ги постигна двата гола за Интер, во вториот дел.

Претходно голманот на украинскиот тим Трубин бранеше се што е можно и невозможно, па дури на „неро-аѕурите“ им беа поништени два гола,на Иван Перишиќ и Лаутар Мартинез.

Но, потоа Џеко ја заврши целата работа за Интер прво во 62., а потоа во 67. минута со два гола,првиот со нога по една одбиена топка после ударот на Дармиан и вториот со глава по асистенција на Перишиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=MczDKHRvWf0

Фудбалерите на Ајакс продолжија со блескавите партии во Лигата на шампионите и го забележаа петтиот триумф во исто толку одиграни кола.

На гостувањето во Истанбул,  по пресвртот со резултат 2:1 (0:1).

Така, тимот од Амстердам го потврди првото место во групата Ц, а за него последното коло и натпреварот против Спортинг нема да имаат никакво значење.

Бешикташ, кој нема освоено ниту еден бод, го изненади Ајакс кога поведе во 22. минута со голот на Рашид Гезал од пенал.

Сепак, Ајакс не дозволи да биде изненаден и само го зголеми гасот, што донесе пресврт во вториот дел.

Херој беше Себастијан Халер со два гола. Првиот во 54. минута по  акција на Мартинез и Талиафико, кој го остави Халер само да ја затресе празната мрежа .

Душан Тадиќ го изгради вториот и решавачки гол во 69. минута од слободен удар, шутираше, а на патот кон голот Халер само ја сврте топката во мрежата за конечен триумф на Холанѓаните од 2: 1.

https://www.youtube.com/watch?v=m1wBw503hz0