Словенија во второто коло од првата фаза на натпреварувањето на Мундијалот играше против домаќинот Полска и победи со многу убедливи 32:23.
Победата на Словенија против Полска во Катовице со 32:23 е голема порака до останатите репрезентации. Словенија изгледа добро на стартот на Мундијалот, забележа две многу убедливи победи и ја очекува многу интересен дуел во третото коло против Франција, кој ќе покаже колку навистина вреди оваа Словенија.
Против Полска многу нешта одеа во корист на Словенија, домаќините тешко се справуваа со агресивната словенска одбрана, дури и голманите не блескаа толку колку одбраната која беше на навистина високо ниво.
Поради тоа, Полска беше во некаков егал во првите 20 минути, заостануваше 11:10, пред Словенија да го заврши првото полувреме со серија 6:1 и целосно да се одлепи.
Во продолжение од мечот Полјаците не успеаја да се вратат во игра, впрочем на почетокот на вториот дел Словенија уште еднаш создаде серија, за само десет минути побегна на 23:14 и тоа беше дефинитивниот крај на приказната.
Најдобри за Словенија беа Јуре Доленец со седум гола, Алекс Влах додаде шест, а Блаж Јанц пет. Аркадиуш Морито постигна шест гола за Полска.