Македонија со години е дел од елитата, а континуитетот трае од ЕП 2012, кое се чини беше пресвртница за репрезентативниот ракомет.
Нашата селекција се наоѓа во ТОП 5 европски селекции што немаат пропуштено ниту едно големо натпреварување од 2012 година па наваму. Покрај Македонија, тука се само уште Франција, Шпанија, Данска и Хрватска.
Сите останати, меѓу кои и великаните Норвешка, Шведска, Германија, Унгарија, Исланд…имаат пропуштено макар по еден голем настан.
На Македонија и недостигаат само учества на Олимписките игри за котира уште повисоко на оваа табела. Но и вака ова е остварување вредно за почит.
https://twitter.com/RasmusBoysen92/status/1515765189425180686?s=20&t=J3p2pge4HCoStZIv3wd6KA