Барселона не може да купи ниту едно засилување во јануари! Поради Финансискиот фер плеј, Барселона нема да може да се засили со нови фудбалери во јануарскиот преоден рок.
Директорот на Барселона, поранешниот португалски ас Деко, потврди дека нема да има нови засилувања во јануари.
„Финансискиот фер плеј зафати многу клубови, па и нас, ние не можеме да купуваме нови играчи сега, тоа е реалноста“, изјави Деко.
Тој ја потврди поддршката за Чави и покрај лошите резултати во изминатите месеци кои кулминираа вчера со убедлив пораз од Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп.
„Работата на Чави не е доведена во прашање. Тој има целосна доверба од сите нас во Барселона, тоа е сигурно. Тажни сме, но еден пораз нема да го промени нашиот план“.
Барса синоќа беше понижена од лутиот ривал Реал Мадрид, па Каталонците денеска тагуваат. Тимот на Чави беше декласиран од лутиот ривал со 4-1, па прогнозите се дека Хернандез нема уште долго да остане на клупата. Тој беше искрен по поразот.