Тој за време на прославата покажа на завој на кој пишуваше „100 дена – 7.10“, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, по кој околу 130 израелски заложници беа држени 100 дена пред конечно да бидат ослободени. Ваквото однесување не е прифатливо во Турција, која е на страната на Палестина, поради што фудбалерот веднаш беше суспендиран.
Неговиот договор ќе биде раскинат, не прифаќаме такво однесување на поединци, па нека тоа нѐ чини и титула“, изјави претседателот на клубот, Синан Бозтепе.
Јехезкел дури и беше приведен, а Обвинителството во Анталија покрена истрага бидејќи со својот гест „ги поттикнувал луѓето на омраза и непријателство“, што го најави и министерот за правда Џилман Тунч. Се очекува остра казна и од Фудбалскиот сојуз на Турција.