Екипата на Јувентус ја доби трката по Василије Аџиќ, големиот црногорски талент кој е член на Будуќност од Подгорица.
Аџиќ во втората недела од јануари ќе биде во Торино каде ќе ги помине медицинските тестови и ќе биде презентиран како нов фудбалер на Јувентус.
Италијанскиот клуб ќе плати 2 милиони евра веднаш, плус 1 милион во лесно достижни бонуси и уште додатни два милиони во други бонуси. Вкупниот пакет е 5 милиони евра.
Аџиќ е 17-годишен фудбалер кој игра офанзивно во средниот ред, но може да игра и поповлечено. Може да настапува и на левата крилна позиција.
Тој важи за еден од најголемите таленти на екс-ју просторите во моментов.