Откако се здоби со повреда на мечот со Камерун на Светското првенство, Габриел Жесус беше опериран и се опоравува.
Водечкиот тим на англискиот фудбалски шампионат, Арсенал, во вторникот објави дека нивниот напаѓач Габриел Жесус морал да го оперира коленото на десната нога, која ја повреди на натпреварот против Камерун на Светското првенство во Катар.
„Габи сега ќе ја започне својата програма за опоравување. Сите во клубот го поддржуваат во неговите напори да се врати на теренот што е можно поскоро“, соопштија од Арсенал без да прецизираат колку долго може да потрае закрепнувањето.
Пред паузата од Светското првенство, Арсенал има пет бода предност од второпласираниот Манчестер Сити.