Поранешниот турски репрезентативец и поранешен фудбалер на Галатасарај Ахмед Чалик настрада утрово, а турските медиуми објавија видео од трагичната сообраќајна несреќа.
Чалик имаше 27 години и беше фудбалер на Коњаспор, за кого сезонава одигра 18 натпревари, а почина откако изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Тој бил сам во возилото, а брзата помош можела само да констатира смрт по пристигнувањето на местото на несреќата. Претходно во кариерата играше за Генчлербирлиги и осум пати играше за Турција.
На видеото се гледа дека Чалик со голема брзина го престигнал камионот, по што многу брзо излетал од патот и трагично загинал.